Се јави првоосомничениот во акцијата „Чекан“: Парите ми се од швајцарската пензија

Првоосомничениот во акцијата Чекан, Фадил Арслани, по кој полицијата се уште трага, преку Шкипмедиа вели дека е чесен човек и дека парите не ги заработил со криминал, туку со чесна работа во странство.

„Не се занимавам со нелегални работи. Работам во Швајцарија и имам месечна пензија од 5.000 швајцарски франци. Добив надомест од 300.000 франци од Швајцарија и со нив можам да градам куќи и да купувам автомобили секоја година“ вели тој.

Полицијата завчера во акцијата Чекан приведе 15 лица а по четворица меѓу кои и Арслани се уште трага. Меѓу осомничените има и адвокати и извршител од Скојпе. Сите се сомничат за злосторничко здружување, лихварство, изнуда и фалсификување исправи.

Останува нејасно, зошто Арслани не се соочи со македонските закони и низ легална постапка да докаже дека е вистина тоа што го тврди дека чесно заработувал и дека парите ги инвестирал во Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега