Паника во слаткарница во Пробиштип

Вистинска паника во слаткарница во Пробиштип. Според податоците од полицијата, 58-годишниот М.Н. од Пробиштип си заработи кривична пријава за тешки дела против општата сигурност, бидејќи тој како сопственик и управител на ДПТУ „Ицо Комерц“ ДОО од Пробиштип во почетокот на месец октомври годинава во неговата слаткарница  предизвикал пожар од невнимание, со што го загрозил животот на присутните. Пламените јазици ја зафатиле кровната конструкција на објектот а потоа пожарот се проширил на кровните конструкции и простории на соседните објекти причинувајќи голема материјална штета.

Според добиените сознанија  постојат основи на сомнение дека пожарот  настанал од палењето на масните наслаги во алуминиумското вентилационо црево на објектот на М.Н.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега