Македонската полиција лови дрвокрадци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот В.Ц и 76-годишниот Д.Ц. од село Дебарца, за сторени две кривични дела „шумска кражба“. Во периодот од август до ноември 2014 година, во шума во државна сопственост во атар на село Песочан, првопријавениот извршил бесправна сеча на 5,7 метри кубни дабово огревно дрво, додека второпријавениот 4,5 метри кубни дабово огревно дрво.

При претрес кај пријавените лица се пронајдени 10,2 метри кубни дрва.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега