ФОТО: Албанец ги украл моштите на Св. Параскева во кичевско

СВР Охрид поднесе пријава против 38-годишниот Албанец А.Д. од градот Дибер. Тој  на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево земал три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“- предмети што претставуваат културно наследство на Република Македонија.

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот наутро откако претходно насилно и со подесен алат, пријавениот го скршил цилиндарот од металната врата и резето од помошната просторија. Потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и вратата за влез во олтарот. Оттука ги одзел гореспоменатите предмети и помал износ на парични средства. По извршувањето на тешката кражба, пријавениот А.Д. околу три часот наутро е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола, каде се обидел да избега со своето патничко моторно возило марка „Голф“ со албански национални ознаки. 

 На  А.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен е во казнено-поправната установа во Тетово.

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега