Владата продолжува со политиките за вработување: Оглас за 4 нови високо раководни државни функции

Владата на Р.Македонија  продолжува со политиките за вработување на висококвалитетни кадри во државната управа. Објавен е јавен повик за пројавување на интерес за ангажман на 4 раководни функции и тоа две високо раководни позиции од страна на Владата и две од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.

Огласот на Владата  се однесува на избор на директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  и генерален конзул од Македонија за Минхен, Германија. Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите ќе можат да се пријавуваат од денеска до 27 декември.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека позицијата директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е една од најзначајните позиции во областа на земјоделството и општо за државниот систем зошто преку оваа Агенција се вршат сериозни сервисирања на потребите на земјоделците, поддршка на земјоделството и реализација на многу проекти. Токму затоа посочи тој дека масовноста на овие огласи не е толку важна колку што е важно да се изберат квалитетни кадари.

Другиот оглас за 2 раководни позиции од Агенцијата за привлекување на странски инвестии се еден економски промотор за Шангај, Р.Кина и еден економски промотор за Монтреал, Канада. Овој оглас ќе трае до 20 декември.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега