„Не ја убивме, сама падна по скалите" - обвинетите се бранат за смртта на малата Мевљана

Јасмина Махмуд, жената обвинета дека заедно со невенчаниот сопруг Џемаил Браими ја претепа до смрт тригодишната Мевљана, настанот кој ја потресе македонската јавност, во Судот изјави дека девојчето само паднало по скали.

-Не е вистина дека ја тепавме. Девојчето само падна по скали. Моите златни деца не ги гледам цела година, ние го чувавме девојчето. Ја чувавме една недела. боси, голи болни ги донесе...ги чував децата и не ги малтретирав, вели Јасмина.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје стартот на судското рочиште повторно беше одложен. Судијката ги предупреди обвинетите дека ако и до наредното рочиште не изберат адвокат, нема да ги толерира повторно.

Јасмина има забрана да го напушта Скопје, а невенчаниот сопруг се наоѓа во притвор. 

Мајката на малата Мевљана побара максимална казна за убијците на нејзиното дете.

Според обвинението насилниците повеќе пати го удирале 3 годишното девојче со тупаници, клоци и кабел по целото тело со што му нанеле поголем број на повреди. Од повредите настапил трауматски шок кој довел до престанок на важно-виталните органи и настапила смрт.

Како што првично објавија надлежните причина за безмилосното тепање била тоа што девојчето измокрило на теписонот кај соседите.

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега