„Ќе ве најдам и ќе ве запалам" - мајка од Струмица трпи ќотек и закани
И три години од разводот, 49-годишна струмичанка нема мир од насилниот сопруг. Мајката на две малолетни деца, која не сака да го открие идентитетот постојано трпи насилство од екс сопругот – и дома и на работа. Иако има правосилна одлука за затворска казна, тој се уште е на слобода, пишува Канал 5.
„Ќе ве најде Пробиштип, ќе ве запалам сите.“ Како што јавува Канал 5, со овие зборови поранешниот сопруг и се заканувал на 49 годишна струмичанка која живее во страв и агонија. Цела деценија трае ова насилство, најпрво само психичко, а откако пред 3 години официјално се развеле, насилникот станал уште полош. Ги следи на секој чекор, а од неодамна почнал и физички да ги малтретира.
Нема закон за да се спречи насилниот маж. Иако има забрана за приближување, кон поранешната сопруга, не ја почитува. Од пред половина година е осуден на затвор, а веќе една недела и одлуката е правосилна, но во три затвори во Радовиш, Струмица и Гевгелија немало слободно место за да ја одлежи казната.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа