Пронајден машки труп кај браната Калиманци - убиство или самоубиство?

Во близина на браната Калиманци во бездна длабока над 150 метри кај место Газјански мостови во Македонска Каменица утринава пронајден е машки труп.

Според првичните информации, станува збор за маж на возраст од 35 до 40 години, идентитетот не му е утврден бидејќи кај него не се пронајдени никакви документи за идентификација. Ниту месното население не го препознава човекот кој е пронајден мртов. Телото случајно го пронашол овчар кој пасел стадо овци.

Увидот е во тек а ќе се утврдува дали станува збор за убиство или самоубиство.

 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега