Македонски државјанин си го убил шефот во Италија

Македонскиот државјанин Доналд Шабанов е уапсен за убиство на својот шеф во Италија.

24 годишниот Шабанов бил приведен заедно со еден италијански државјанин со мароканско потекло од карабињерите од Пезаро. Двајцата се главни осомничени за тешки кривични дела- убиство со умисла, тешка разбојничка кражба и незаконско поседување на оружје.

Според информациите на италијанската полиција жртвата, Италијанецот Андре Афери му бил работодавец на македонскиот државјанин. Бил убиен на 4ти јуни годинава.

За настанот била известена и македонската полиција.

 

 

 

најчитано сега