Хорор за тричлено семејство од Прилеп - останаа без покрив над глава

 
Она што го печалеле цел живот, тричленото семејство Андоноски од Прилеп го загубија во синоќешниот пожар кој ненадејно избувнал во нивниот дом некаде пред полноќ, објави Сител.
Огнените јазици им уништиле буквално се, од покуќнината до облеката. Очајни и финансиски немоќни, занемени од ужасната слика, бараат помош од сите добронамерници, да го приспособат за живот она што само до синоќа било се што имаат, а сега е само куп гареж. 
 
За семејството Андоноски, оваа несреќа е уште поголема, бидејки пред само неколку години, исто така при пожар, животно настрадал еден од членовите на семејството.
 
Среќни што успеале да се извелечат живи и неповредени од огнената стихија, но, избезумени пред судбината, велат дека ќе им бидат благодарни на сите оние кои ќе се одважат да им помогнат  за полесно да се справат со маката што ги снајде во овие зимски денови. 
 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега