Приведени тројца Комити - еве што направиле

Во текот на вчерашниот ден во времето до 17 до 23 часот во Скопје, во Спортскиот Центар  „Јане Сандански’’ се одржал меѓународен ракометен натпревар во СЕХА лига помеѓу екипите на РК„Вардар’’ и РК„Борац-Бања Лука’’ од БиХ. На натпреварот имало присуство на публика од околу 800-1000 гледачи, од кои 200 од навивачката група „Комити’’, а околу 50 од гостинската навивачка група „Лешинари’’. Во првото полувреме во двесетата минута од натпреварот,од страна на навивачката група „Комити’’ биле скандирани пароли со навредлива и националистичка содржина. Пред крајот на второто полувреме приведени се 3 лица кои во автомобил „Форд Фокус’’ носеле знамиња со навредлива содржина, кои биле користени и истакнати за време на натпреварот.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега