ФОТО: Ова се двајцата дилери кои се фатија во полициска „мрежа“

На С.Л. (40) и С.К. (22), двајцата улични дилери од Скопје од страна на Судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиени сознанија за двајцата пријавени дека во текот на овој месец од зесега непознати лица, неовластено набавиле поголема количина на кокаин односно марихуана, кои ги препакувале во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки за улична продажба) и истате ги препродавале на уживатели од Скопје, превзеде оперативно мерки и активности за потврдување на сознанието.

Со Наредба од Судија на претходна постапка извршен претрес во домовите на С.Л. и С.К.

Притоа  кај С.Л. се пронајдени 6,44 грама кокаин, една дигитална вага, на која по извршеното вештачење се детектирани траги од  кокаин, четири куршуми кал. 7,62 наменети за испалување од полуавтоматски пиштол и автомат, како и една рамка од полуавтоматски пиштол „Црвена Застава“.

Кај С.К. се пронајдени 13,05 грама марихуана, гасен пиштол Екол специјал 99, прилагоден во огнено оружје со што овозможува истрелување на проектили од пиштолска муниција со кал 7,65 мм, 67 куршуми пиштолска муниција различен калибар, дробилка за ситнење на марихуана и две дигитални ваги на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од  марихуана и кокаин.

Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде и двајцата не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога и оружје во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ги набавиле.

Инаку, С.Л. отслужил казна затвор во трење од една година за извршена разбојничка кражба во Германија, а против С.К. СВР Скопје досега има поднесено три кривични пријави за извршени кривични дела - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, -“тешка телесна повреда“ и “насилство“.

Со овој случај, од почетокот на акцијата “Мрежа“ до сега кривично пријавени се над 150 нарко дилери а запленети се и преку  515 килограми различни видови дрога.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега