НОВИ ДЕТАЛИ: Пет лица на Ургентен по страотниот верижен судир кај Волково

При верижен судир на обиколницата кај Волково на патот кон Приштина повредени се повеќе лица, од кои според последните информации до кои дојде Курир, петтмина се пренесени на Ургентниот центар во Скопје.

Засега не е позната сериозноста на повредите со кои се здобиле овие пет лица. Според сознанијата, судирот се случил околу 8 часот утрово и во него учествувале 19 возила.

Причината за судирот, според првичните информации, најверојатно се влажните и лизгави коловози.

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега