Полнете до врв: Од полноќ литар бензин 65,5 денари - литар Дизел 54 денари

Бензините се намалуваат за 4,5 денари по литар, дизелот за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,50 денaри по литар  во однос на цените утврдени со Одлуката од 01 декември и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,5 денар за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ на бензинските во Македонија ќе се точи по 67 денари за литар.

Големо намалување и на цената на дизелот.

Литар   ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе се продава за 56 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 44,5 денари по литар.

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените  деривати во просек за 10,79%, односно за 7,57% во однос на рафинериските и на малопродажните цени  на нафтен те деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на  Република Македонија од 1.12.2014 година. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период  изнесуваше 66,903 $/барел и е за 12,52% пониска од просечната цена на сурова нафта (76,474 $/барел)  по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега