Жена од Неготино преживеала хорор во својот дом

Во три часот по полноќ во полициската станица Неготино 33 годишна жена пријавила дека  нејзиниот сопруг, 27-годишниот Г.К. од Грција, со привремен престој во Неготино, се вратил дома во алкохолизирана состојба и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко нанесувајќи им телесни повреди. Полицаец кој веднаш излегол на местото на настанот го видел Г.К. како упатувал закани и навреди кон неговата сопруга и нејзините родители и притоа упатил закани и навреди кон него поради што бил приведен и задржан во Полициски станица.

По целосно документирање на случајот против истиот поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“ извршена при „семејно насилство“. 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа