Зголемен прометот во индустријата

Прометот во индустријата во периодот јануари-октомври годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 14,6 проценти. Во октомври споредено со септември годинава прометот е зголемен за 8,7 проценти, а споредено со октомври лани за  21,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Остварениот промет во индустријата на домашниот пазар во октомври годинава споредено со октомври минатата година е зголемен за 1 процент,  а на странските пазари за 28,2 проценти. 

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи опаѓање од 15,2 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 23,3 проценти. 

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај „енергија“ за 196,2 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,1 процент, „капитални производи“ за 79,5 процнти, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 17,1 процент и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 3,9 проценти. 

Прометот во индустријата во периодот јануари-октомври годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 14,6 проценти. Во октомври споредено со септември годинава прометот е зголемен за 8,7 проценти, а споредено со октомври лани за 21,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега