ФОТО: Четири лица повредени во сообраќајката кај Катланово

Во сообраќајната несреќа што претпладнево околу 10 часот се случи на неполн километар пред тунелот Катланово на автопатот Велес - Скопје целосно е уништено возилото марка „Ауди“ со штипски регистерски таблички.

Полесно повредени се четири лица од Штип кои биле во автомобилот.

Несреќата се случила кога возилото од засега неутврдени причини удрило во еластичната заштитна ограда на патот и завршило на дваесет и пет метри подолу во дрвјата покрај автопатот, јавува Канал 5.

Според директорката на на ГОБ д-р Јасмина Чабуковска по укажаната медицинска помош сите четворица мажи, на возраст од дваесет до четириесет години, се пуштени на домашно лекување.

Причините за несреќата ќе се утврдуваат по увидот кој на лице место го направи екипа на СВР Велес.

 ФОТО: Канал 5

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега