Бензините и дизелот поевтинија за 17, односно 14 денари

Ново поевтинување на горивата од полноќ. Овој пат бензините се намалуваат за 4,5, а дизелот за 4 денари за литар.

Од крајот на јуни до денес, регулаторната комисија за енергетика единаесет пати донесе одлука за снижување на цените на горивата и само еднаш за нивно поскапување. Така, бензините од 84  денари за литар летоска, сега се продаваат за 67, а дизелот од 70 сега се продава за 56 денари.

Нафтата на светските берзи од над 100 долари за барел во јуни падна на околу 60 долари. Падот се толку како комбинација на неколку фактори. Презаситен глобален пазар заради бум во експлоатацијата на нафта од шкрилци во САД. Бавно глобално стопанство со намалена побарувачка. Како и смислено уривање на цената како економско оружје на Западот против Русија која половина од буџетот го добива од извозот на нафта и гас.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега