Неготино: Грк си ја натепал жената и нејзиниот татко

Неготинчанка на возраст од 33 години вчера во 02.40 часот по полноќ пријавила дека нејзиниот сопруг Г.К.(27), кој е од Грција, а живее во Неготино, се вратил дома многу пијан и физички ги нападнал неа и нејзиниот татко, нанесувајќи им телесни повреди. МВР соопшти дека кога полицијата влегла во нивниот дом, го затекнале насилникот како им се заканува на сопругата и на нејзините родители, но штоm ги забележал полицајците, и нив почнал да ги навредува да и им упатува закани, шпо што бил приведен и задржан во полициски станица.
Полицијата најави дека против грчкиот државјанин ќе поднесе кривична пријава за телесна повреда извршена при семејно насилство и дека му е изречена казна од 800 евра.  

 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега