Голем пожар во фабриката Копер во Неготино

Пожар во фабриката „Копер” во неготинското село Криволак бил пријавен синоќа во 21 часот, соопшти денеска  портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Пожарот е локализиран од страна на територијалната противпожарна еиница од Неготино и вработени од фабриката во 22,30 часот. 

- Пожарот е настанат во магацинскиот простор за готов производ при што изгорени се поголем број дрвени палети и кровната конструкција од халата, како и разни предмети внатре во халата, изјави Стојковска.  

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.  

- Во текот на денешниов ден ќе се превземат мерки за утврдување на причините и целосно расветлување на настанот, рече Стојковска

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа