Мафијашка пресметка во Струга: Го изрешетале со куршуми кога излегол од автомобилот

Триесет и шест годишен жител на струшкото село Велешта синоќа неколку минути по полноќ бил нападнат од огнено оружје пред неговиот дом.

Како што јавува Курир, мажот дошол со својот автомобил пред куќата и во моментот кога излегувал од возилото во него било пукано од страна на две лица.

Според првичните информации напаѓачите по неколкуте испукани куршуми беднаш избегале со автомобил.

Повредениот итно бил пренесен во струшката болница каде лекарски екипи констатирале дека има повеќе прострелни рани во пределот на грбот, стомакот, натколениците и потколениците, по што му била извршена операција. Неговата состојба засега е стабилна.

 

Од СВР Охрид за Курир велат дека на лице место е извршен увид од каде се подигнати 8 чаури, еден проектил и еден дел од проектил кои се предадени на натамошно вештачење. Дополнително се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителите и нивно пронаоѓање.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега