Кривични за вработени во „Македонски шуми“ - еве што направиле

Полицијата од Македонски Брод, до Основното јавно обвинителство-Кичево поднесе кривична пријава против  С.С.(44) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како шумарски инженер, Б.Б.(60) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како референт за сеча и дотур, Т.Љ.(57) вработен во ЈП „Македонски шуми“ како контролор на рампа и С.Д.(51) вработен во приватна фирма-рибник, сите од Македонски Брод, за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „пустошење на шума“ против тројцата вработени во ЈП „МАкедонски шуми“, како и за „пустошење на шума“ за четвртопријавениот.

Во октомври и ноември гoдинава, соопшти денеска МВР, постапувајќи спротивно на законските прописи како службени лица вработени во ЈП „Македонски шуми“, ПШС „Сандански“-Македонски Брод, тројцата пријавени поради несовесно работење во службата го пропуштиле должниот надзор во ШСЕ „Песјак“ на под оддели 26а, 27а, 29а, 30а, 33а, 63а, 64а и 66а кои се забранети за сеча и спротивно на прописите или наредбата од надлежни органи извршиле пустошење на шумата дозволувајќи безправна сеча на дабови стебла во вкупна количина од 220,81м3 со што прибавиле имотна корист или предизвикале имотна штета на претпријатието од 1.545.670 денари, определена согласно чл.2 ст.1 т.2 од Правилникот за висината на цената за штети во шума, констатирани врз основа на изготвени Записници за извршен инспекциски надзор од Државен инспекторат за шумарство и ловство.

Имено, прворијавениот како одговорен на оваа шумско стопанска единица во договор со второ и трето пријавениот издавал Дозволи за сеча на физички лица во ШСЕ“Песјак“, под оддели кои се предвидени и дозволени за сеча, без претходно да има извршено обележување (чекичарање) на истите што е спротивно од Законот за шумите, по што лицата на кои им ги издавал Дозволите ги упатувал да вршат посекување на сурово дабово дрво покрај пењушка од пододдели кои се забранети за сеча, со што несовесно постапувал  во вршењето на своите овластувања и должности пропуштајќи го должниот надзор како кон ШСЕ така и кон своите непосредно подредени работници.

Второпријавениот кој е на работно место референт за сеча и дотур во ЈП„Македонски Шуми“, ПШС„Сандански“-М.Брод, ШСЕ „Песјак“, во договор со првопријавениот, откако дрвната маса ќе била посечена од забранетите под оддели и товарена во превозни средства, спротивно на законските прописи без да излезе на лице место каде е извршено посекувањето, вршел жигосување на истата на одредени места при транспортот, а на лицата им давал испратници за превоз на количина што била впишана во Дозволата за сеча иако воглавно секогаш била пишана двојно помалку од количината што е натоварена, со што фактички вршел легализација на безправно посечените дрва.

Третопријавениот како вработен на работно место контролор на рампа во ЈП„Македонски Шуми“, ПШС„Сандански“-М.Брод, ШСЕ „Песјак“ исто така во договор со прво и второ пријавениот не вршејќи уредна контрола врз физичките лица кои вршеле посекување на дрвната маса овозможувал безправна сеча на огревно дрво надвор од законски предвидената сеча.

Четвртопријавениот како осомничено лице во договор со прво и второпријавениот, искористувајќи го отсувството на нивниот должен надзор и несовесно постапување согласно Закон, на ден 31.10. годинава доставил Барање за сеча на количина од 1,4м3 во ШСЕ „Песјак“, по што откако му била издадена Дозвола за сеча  за бараната количина, истиот од првопријавениот побарал и бил упатен да посекува дрва во забранетите пододдели на м.в.„Попотепало“ без присувство на шумочувар.

Истиот ден лицето иако свесно дека врши безправна сеча од забранети пододдели извршило посекување на сурови дабови дрва во количина од 5,6 м3, но бидејќи истиот е забележан и фатен на лице место од страна на шумочуварската служба како врши утовар на претходно наведената дрвна маса,  истиот во револт ги истоварил дрвата и си заминал оставајќи ги истите на лице место, кои привремено се одземени и со записник предадени на ЈП„Македонски шуми“.

 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега