Нови можности за невработените - Саемот за вработување утре во Куманово

Градот Куманово е следната дестинација на караванот Саеми за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Утре, во овој град ќе биде последниот Саем организиран во тековната 2014 година.

Со ова продолжува доближувањето на компаниите до работната сила во Република Македонија, како и можноста граѓаните, одблизу да се запознаат со понудата на работодавците во Македонија.

Влатко Поповски, директорот на Агенција за вработување на Република Македонија ќе се обрати на отворањето на саемот, а во состав на истиотсвои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите учеснички.

Саемот за Вработување, ќе се оддржи утре, со почеток во 10 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 15 часот. Место на одржување е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега