Проверете кои делови на Скопје утре ќе бидат без вода и струја

Трите кули од број 36 на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и блокот од зградата кај кафеаната Победа утре од 9:30 часот ќе останат без вода.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје (РЦУК), прекинот е поради уличен дефект на Ф 100 мм на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, а корисниците без вода ќе останат се до до санирање на дефектот.

Од РЦУК информираат дека утре без струја од 7 до 16 часот ќе останат корисниците од селата Бојане, Орашје, Долно Свиларе, Горно Свиларе, Копаница, Кондово, Рашче, Радуша, населбата Веле Поле, село Кучково и Грачани, од 12:30 до 15:30 часот дел од корисниците од Булевар АСНОМ згради број 16, 18 и 24, од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Тодор Александров“, „Партение Зографски“, „Питу Гули“, „Ацо Караманов“ и од 8:30 до 14:30 часот дел од корисниците од улиците: „Александар Бујнов“, „Петар Манџуков“, „Симче Настевски“, „Натаниел Кучевишки“.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега