Премиерот Груевски топ-тема во саудиските медиуми

Саудиските медиуми известуваат за посетата на македонската владина делегација, која изинативе денови присуствуваше на бизнис форуми во главниот гра Ријад, како и во вториот град по големина во Саудиска Арабија, Џеда, каде беа претставени можностите за инвестирање во Република Македонија. 

„Македонија бара инвестиции од Саудиска Арабија“, „Престолонаследникот Салман одржа официјални преговори со македонскиот премиер“, „Саудиска Арабија и Македонија потпишаа договор за избегнување на двојните даноци“. Ова се само дел од написите на водечките медиуми во Саудиска Арабија како „Арабњуз“ и саудиската прес агенција (SPA).

Саудискиот портал arabnews.com во својата статија ги истакнува предностите кои ги нуди Република Македонија за странските инвеститори, потенцирајќи дека претседателот на саудиската стопанска комора, Абдул Раман Ал-Замил, кој ја водел дискусијата на бизнис форумот, истакнал дека трговијата меѓу двете земји е од клучна важност, додавајќи дека двете страни треба да разговараат за опциите за успешна трговија.

Според arabnews.com, одговорниот за односи со јавноста на арапската стопанска комора, Шафи Ал-Ајами, потврдил дека се заинтересирани за зајакнување на бизнис врските меѓу Саудиска Арабија и Република Македонија.

 

Сајтот menafn.com исто така известуваше за посетата на владината делегација и презентирањето на можностите за инвестирање, потенцирајќи дека престолонаследникот Салман бин Абдулазиз ал–Сауд одржал официјални разговори со македонскиот премиер. 

За посетата на владината делегација пишува и порталот balkans.com пренесувајќи напис од „Арабњуз“ во кој се издвојува потпишувањето на договор со Република Македонија за избегнување на двојните даноци.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега