Економски: Сите инвестиции во 2014 година - 14.000 нови вработувања и над 800 милиони евра

На инвестициски план 2014 година е една од најполодните досега. Повеќе од 20 компании објавија дека ќе инвестираат во земјава или веќе почнале со активностите за почеток со производство. Во новите фабрики ќе се вработат над 14.000 лица, а ќе бидат вложени над 800 милиони евра. Најважно од се е дека фабрики ќе се градат низ сите региони во земјава што е многу важно за рамномерен регионален развој, анализира Економски.

shutterstock_86275624

Економски.мк потсетува на најголемите инвестиции кои дојдоа во земјава годинава:

- ОДВ електрик , Германија– 1.000 вработувања, 15 милиони евра, во Охрид
- КСС, САД – 1000 вработувања, 20 милиони евра, во Кичево
- Маркарт, Германија – 600 вработувања, 35 милиони евра, во Велес
- Диатек, Италија – 200 вработувања,10 милиони евра, во Скопје
- Техникл текстајл, Германија – 600 вработувања, 12 милиони евра, во Штип
- Антура, Холандија – 200 вработувања, во Кочани
- Етанол Јуроп Рињуабл, Ирска ДуПонт, САД – 1000 вработувања, 250 милиони евра, во Прилеп
- Монтанте, Италија, 100 вработувања, 10 милиони евра, во Скопје
- “ENERGIA” Ltd, Украина, 150 вработувања, 18 милиони евра, во Скопје
- ИТЕК, Италија – 120 вработувања, 3,8 милиони евра, во Тетово
- „Филкаб“ Бугарија, 100 вработувања, 3,5 милиони евра во Скопје
- Амфенол САД – 500 вработувања, 6 милиони евра во Кочани
- Менсан, Турција – 100 вработувања, 5 милиони евра во Скопје
- ВЕИБО. Турција – 5600 вработувања 400 милиони долари, во Ранковце
- Гришко, Русија, 200 вработувања, милион евра, во Демир Хисар
- Еуро БПО, Велика Британија- 350 вработувања, Скопје
- „Про лајн“ Турција – 50 вработувања 3 милиони евра
- Истем медикал Турција 250 луѓе, 10 милиони
- Мач груп Турција Илинден вредна три милиони евра.
- Демпо груп, Турција ќе гради две фабрики. Едната 3 милиони евра во која ќе работат 150 лица, а втората за мермер со иста вредност и со околу 400 нови вработувања.
- Гентерм – 1000 вработувања, во Прилеп

Одлуки донеле уште неколку компании – се чека официјално објавување

За во наредниот период се очекува објавување на имињата на уште неколку компании кои веќе имаат донесено одлуки за инвестирање, но се уште официјално не ги потврдиле.

Нова американска компанија која ќе отвори 400 работни места и ќе инвестира околу 18 милиони евра треба да ја објави одлуката за вложување во земјава до крајот на годината.

Израелска компанија најавува влез на македонскиот пазар во повеќе сектори. Планира инвестиции во бањски туризам, кол центри, но планираат преземање и на една од макеоднските банки за што веќе разговарале со претставници на НБРМ.

Нова инвестиција чие име се уште не се објавува е најавена и за охридско-струшкиот регион, се работи за компанија од автомобилскиот сектор.

Премиерот Груевски вети дека годинава ќе има 20 нови инвестиции

Во своето новогодишно обраќање лани, премиерот Никола Грувески најави дека во 2014 година во земјава ќе влезат нови 20 компании.

– Во подготовка на моето новогодишно обраќање направив разговор со поголем дел од луѓето кои во Владата и во владините институции се задолжени за инвестирањето и она што го детектирав е дека имаме повеќе од дваесет инвеститори кои веќе неформално имаат донесено одлука да инвестираат во Македонија, односно да ја почнат својата инвестиција во текот на оваа година, значи од сега до крајот на оваа година, рече тогаш Груевски.

Ветувањето е исполнето, со бројка од над 20 нови инвестиции, 2014 е една од најуспешните на инвестициски план.

Очекувањата се дека наредната година ќе биде уште подобра со оглед на тоа дека кризата веќе заврши, а Македонија станува се поинтересна бизнис дестинација, препознатлива по поволниот инвестициски пакет кој го нуди на странските компании.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега