Пржат без масло: Познат фаст фуд бренд утре отвора ресторан во Скопје

Утре, среда (17 декември 2014) во 17:00 часот, меѓународниот ланец на брза храна Surf’n’fries, ќе го отвори својот прв објект на плоштадот во Скопје, на улица „Никола Кљусев“ (поранешна „Максим Горки“).

surf-n-fries-go-otvora-svojot-prv-objekt-vo-skopje-01.JPG

По интернационалниот успех и многуте иновации, Surf’n’fries е првиот FAST FOOD ресторан во Македонија во кој храната ќе се приготвува во печка на воздух, без употреба на масло.

Помфритот се подготвува според нова иновативна SURFFRY технологија, која работи на топол воздух без воопшто да се става масло. Скопје е третиот град во светот кој ќе ја добие оваа технологија по Риека и Будимпешта.

Освен начинот на кој се подготвува храната, тоа по што овој бренд е познат е и практичната амбалажа. Таа е направена така што во неа можете се да носите во една рака, односно помфритот, пилешкото, сосовите и сокот.

Менито на Surf’n’fries можете да го разгледате од среда 17 декември, па натаму.

Побарајте ги Surf’n’Fries хостесите низ центарот на Скопје од кои ќе добиете купон. И се гледаме на отворањето во 17:00 часот!

surf-n-fries-go-otvora-svojot-prv-objekt-vo-skopje-02.jpg

Surf’n’fries е ланец на FAST FOOD ресторани кој во 11 држави во Европа, има преку 40 објекти и од година во година бележи раст на продажбата.

Со  Surf’n’fries во Скопје, Македонија ќе биде на мапата на државите која на својот пазар ќе имаат модерен и единствен ланец на брза храна Surf’n’fries.

За повеќе информации, посетете ја Фејсбук фан страната.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега