Ова се најдобрите скопски дуќани за 2014

 Градоначалникот на Град Скопје,  Коце Трајановски,  денеска  им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата SWAT Research  го реализира во периодот на месец ноември 2014 година.

-Чест и задоволство ми е да Ве поздравам сите и да посакам добредојде на осмата традиционална манифестација за избор на најдобар трговец во Скопје која е организирана од страна на Град Скопје, Секторот за локален економски развој, во соработка со SWOT ДОО Скопје. Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2014 година. Целта на манифестацијата е да го поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата  во повеќе дејности на ниво на град Скопје, со цел стимулирање на трговците за подобра услуга, снабдување со квалитетна стока за продажба, како и постигнување на атрактивни цени на производите.  СВОТ ДОО преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговци во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж, истакна  градоначалникот Трајановски.

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, а тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:

СУПЕРМАРКЕТИ

1.   

ТИНЕКС

2.   

НОВА МАРКЕТ

3.   

РАМСТОР

САЛОНИ ЗА МЕБЕЛ И КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА

1.   

ШИПАД МЕБЕЛ

2.   

ЛЕКТУС ГРУП

3.   

НИКОВ МЕБЕЛ

ПАРФИМЕРИИ И КОЗМЕТИКА

1.   

БЈУТИ ПОИНТ

2.   

ЕЛИКСИР ЕКСЛУЗИВ

3.   

ЛОКАТИН

БУТИЦИ

1.   

СПРИНГФИЛД

2.   

ВЕНИС

3.   

АТИЛА

АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, БЕЛА ТЕХНИКА И СЕ ЗА ДОМА

1.   

НЕПТУН

2.   

АГРОТЕХНА

3.   

ЕЛИПСО

КОМПЈУТЕРСКА, АУДИО-ВИДЕО И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

1.   

СОНИ ГАЛЕРИЈА

2.   

НИКО КОМПЈУТЕРИ

3.   

АНХОЧ ПИ СИ МАРКЕТ

МОДНИ ДОДАТОЦИ И НАКИТ

1.   

СИГМА

2.   

ОКСЕТ

3.   

БОЖИНОВСКИ

 

Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат  пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на  добиените резултатите од истражувањето, се избераат три најдобри трговски објекти од секоја категорија. Годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега