Утврден идентитетот на девојчето кое беше прегазено во скопско Арачиново

Единаесет годишната Флора С. е девојчето кое вчера попладнето го загуби животот во сообраќајна несреќа во скопско Арачиново.

Несреќата се случи околу 16.50 часот на улица 1 во Арачиново во близина на новото основно училиште Скендербег кога два автомобили марка голф и пасат се судриле.

Флора во несреќата учествувала како пешак, а поради тешките повреди веднаш била однесена во градската општа болница во Скопје каде починала.

Извршен е увид на лице место за да се утврдат причините за несреќата.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега