„И Заев бил вклучен во криминалот на екс-градоначлникот на Охрид“

 

„Заев со настапот во Охрид вчера призна една работа- СДСМ не само што не се оградува од криминалот и 50 милиони евра долг направени од нивниот Градоначалник на Охрид за кој во моментов има правен процес, туку и ги подржува и амнестира, а сигурно бил и вклучен во криминалот. Такво негирање на јасно искажана волја на Охриѓани досега немало. Во 2013г кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Бакрачески победи со скоро 8 илјади разлика, советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со 12 наспрема 8 советници, а во 2014г на паламентарни избори нашта листа победи со 8 и пол илјади разлика, а Иванов го победи Пендаровски за Претседател со преку 6000 разлика. Бројките говорат се! Потценувањето на интелектот на народот ќе му донесе нови порази на Заев на изборите во 2017 и 2018г. Во меѓувреме ние градиме автопат кон Охрид, отвараме можности за странски инвестиции, правиме сериозни напори за работа во општина со 50 мил евра долг, а в година ќе градиме и автопат до Пештани и ќе го реконструираме патот до Биола. Нека дојди Заев преку ден да види, навечер може не му се гледа“ - напиша на Facebook пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Николовски

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега