"Ќе ти помогнам на тебе и децата" - тетовчанка остана со празни џебови

37-годишниот С.Мод Тетово си заработи кривична за измама. Според податоците од полицијата, тој во периодот од март до мај годинава довел во заблуда 34 годишна жена ветувајќи дека ќе ја однесе неа и нејзините две деца во Германија, за што и побарал 1.200 евра. Истата му дала 210 евра, а остатокот од парите требало да му ги даде по пристигнувањето во Германија. Откако пријавениот и кажал на оштетената дека државната граница треба да ја премине илегално, истата не се согласила и не тргнала на пат, а пријавениот не и ги вратил парите. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега