Драма во Тетово: Претепал жена во кафуле

Во полициската станица во Тетово синоќа е пријавено дека во угостителскиот објект „Теуш“ на улицата „ЈНА“ од страна на 52-годишниот Т.Ф. физички било нападнато женско лице.

Потоа од страна на полициски службеници е излезено на место на настанот, каде пред објектот бил забележан 40-годишниот Џ.С. од Тетово кој започнал недолично да се однесува кон полициските службеници.

Тој им упатил навредливи зборови и одбивајќи да се идентификува при што во еден момент физички нападнал еден полициски службеник.

Лицата се приведени во полициската станица во Тетово, над двајцата е извршено алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега