Нови 6 години затвор за Агим Красниќи

Агим Красниќи од Кондово денеска доби нови шест години затвор за подготвување тероризам, односно за закани за напад на Скопје, дело за кое пред неколку години судот го ослободи, објави „Телма“.

Судот во Скопје на 8 години затвор го осуди и неговиот брат Бесим, исто како и останатите осумина, од кои петмина се во бегство.

Телевизијата објави дека сите биле снимени во реонот на село Кондово со тешко пешадиско вооружување и униформи како во ровови вежбаат напад на Скопје.

Според обвинението, на 2 март 2005 година во село Кондово во месноста Борови, обвинетите подготвувале извршување кривично дело тероризам, со намера да ја загрозат безбедноста на Република Македонија. Сериозно се заканиле со предивикување акт на насилство, облечени во воени униформи и вооружени со автоматски пушки снајпер, зољи и ракетни фрлачи.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега