Полициска акција: Падна директорот на Инспекторатот за земјоделство

Кривична пријава за 49 годишниот Румен Стаменов од Скопје, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, информира МВР.

Полициската станица од Гевгелија му поднела кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

Стаменов, искористувајќи ја својата службена положба и овластување спротивно на законските прописи изготвил два службени акти со кои го задолжил Министерството да склучи договори за закуп на земјоделско земјиште со правните лица ДПТУ „Ди Си Мила“ ДООЕЛ-Стар Дојран и ДЗППУ „Милена Пром 2000“ ДООЕЛ-Нов Дојран со што им се дадени на користење површини за период од 30 години на кои имало лозови насади, сопственост на правно лице кое било претходно закупец.

 

Покрај ова, овозможил од Министерството преку тужбено барање да бараат надомест на штета и загубена добивка поради невоведување во владение на предметните парцели и неспроведување на нивните бизнис планови. 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега