Масовна тепачка во скоско Ѓорче: Десетмина се тепале за девојка

Вчера околу 10 часот изутрината во Полициска станица во Ѓорче Петров било пријавено дека во  средното училиште „Кочо Рацин“, избила тепачка помеѓу две поголеми групи на лица. 

Од една страна во нарушувањето учествувале М.Р.(48), Б.С.(17), М.А.(18), Р.А.(15) И М.А.(16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И.(18), Е.Н.(15), С.Ј.(17), С.Ј(18) и А.Б. сите од Скопје. Тие меѓусебно се удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од кои удари кај М.А.(16) имало видлива повреда на задниот дел од главата во вид на расекотина, а кај Р.А.(15) расекотина на десната аркада.

Причина за тепачката била љубовна врска. 
Полицијата излегла на лице место и поднела соодветни пријави.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега