Додека Заев се сили со бомбата Владата резлизира проекти

Речиси два месеци лидерот на опозицијата Зоран Заев се сили со бомби, го храбри членството и купува време. Првиот човек на СДСМ никако да ги изнесе наводните докази пред сопартијците, но и граѓаните. Додека Заев се заканува со бомби, а јавноста очекува конечно да види што има тој во рацете, Владата реализира инвестиции, проекти и мерки кои ќе бидат од голема корист на народот.

Зголемување на платите, нови инвестиции кои ќе отворат голем број работни места, намалена стапка на невработеност на историско ниво, изградба на автопати и регионални патишта, отпис на долгови, гасификација на скопскиот регион, поквалитетни лекови... Ова се само дел од проектите и мерките кои Владата изминатиов период ги спроведе или ги спроведува.

Наспроти ова, лидерот на опозицијата продолжува да го замајува членството и граѓаните со “бомбата“ која никако да ја активира, а за која експертите сметаат дека претставува само купување на време кај своето членство кое е депримирано и разочарано од изборниот пораз од 200 илјади гласа разлика

Најави за “бомби“ наспроти проекти и инвестиции, за една година 17 нови инвеститори

На најавите за “бомби“ од лидерот на СДСМ, власта одговара со реализации на бројни инвестиции, проекти и мерки кои ќе бидат од голема полза за граѓаните. Изминатиов  период се зголемија платите во администрацијата за 4%, се зголемија платите во специјалистичките установи во здравството за 19,2. Исто така, се донесе одлука за вработување на 181 лице во итните медицински служби.

Во последната една година, седумнаесет странски инвеститори донесоа одлука и јавно ја објавија дека ќе инвестираат во Македонија, а во периодот по изборите активно почнаа да работат, дел од нив работат на проектирање на фабричките хали, дел веќе ги градат како „Техникал Текстил“ во Штип или како „Диатек“ во Скопје.

„Веибо груп“ објави дека ќе започне да гради во Ранковце каде планира да вработи 5600 луѓе во период од три години по отварање на првата фабрика, бидејќи ќе градат повеќе фабрики, и ќе понуди вработување со организиран превоз на невработени од целиот регион каде е Куманово, Крива Паланка, Кратово и Пробиштип и Ранковце.

Покрај овие 17 компании, осум други компаниии по изборите до сега објавија одлукадека ќе инвестираат во нашата земја, а две големи компании кои веќе работат во Македонија со претходни инвестиции најавија проширување на капацитетите. Две нови големи компании „Капкон“ и „Гентерм“ во два дена објавија инвестиции.

Осумнаесет милиони долари вреди новата американска инвестиција на „Капкон“ во Македонија која ќе отвори нови 400 работни места. Договорите за реализација на инвестицијата ги потпишаа вчера во Скопје претставници на македонската Влада и на компанијата „Капкон“.

- Капкон го избра Скопје за свој дом за деловните активности и производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има инженерска поддршка во овој капацитет, рече по потпишувањето на Договорот Али ел Хач, извршен директор во компанијата.

Во Технолошко индустриската развојна зона во Прилеп „Гентерм“  ќе произведува греачи за седишта и волани за автомобил. Во првите три години ќе вработи 1000 лица, а планирано е да вработи вкупно 2000 лица. Во првата фаза ќе биде изграден погон од 6400 метри квадратни.

-До крајот на неделава ќе се бара македонска компанија која ќе биде проектант. Градежните активности започнуваат од месец м,арт следната година, а компанијата ќе почне со работа од четвртиот квартал 2015-та. Работиме со агресивен временски период. Инвестицијата на овој познат бренд ќе стане магнет за идните инвеститори, рече директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Дополнително, шест компании имаат донесено интерни одлуки да инвестираат во Македонија, немаат известено за тоа, но сеуште ги немаат објавено.

Во странските директни инвестиции од 2006 година до сега се вработени дирекно 11 000 лица, а со следните инвестиции кои се потврдени ќе се вработат дополнителни над 13000 лица, директни вработувања, плус поголем број индиректни вработувања.

Стапката на невработеност падна на историски најниско ниво

Стапката на невработеност се намали на 27,9%. само во првата половина од 2014 година е зголемен за над 13 илјади лица, односно за 2% споредено со истиот период лани. Притоа бројот на вработени во индустријата во првите девет месеци од годината забележа раст од 7,7%.

Моментално во Македонија се градат три нови автопати, Демир Капија- Смоквица, Скопје- Штип и Кичево- Охрид, кои даваат дополнителен импулс на македонската економија. Новите автопати ќе го раздвижат градежништвото, но и целата економија. Двата автопати Скопје – Штип и Кичево – Охрид со вкупна должина од 107 километри ќе чинат 580 милиони евра - најголемата инвестиција во патната инфраструктура од осамостојувањето на Македонија. Треба да бидат готови за околу три години.

Истовремено, има градежни активности и се гради пругата кон Бугарија. Со проектот се предвидува рехабилитација и доизградба на горниот и долниот строј на железничката пруга во должина од 31 километар. Предвидени се три станични згради, четири стојалишта, три моста, една тунелска цевка, осум подвозници и шест надвозници, пет километри станични колосеци, пристапни патишта со новопроектираните подвозници и надвозници, сигнализација и телекомуникации, електрификација и сета неопходна инфраструктура.

Изминатиов период беше потпишан договор со ЕБОР за изградба на 4 нови значајни регионалани патни правци, експресни патишта помеѓу Штип-Кочани, Прилеп- Градско, Охрид-Пештани, и Струга-Требениште, 160 милиони евра инветиција. Првите два почнуваат средината на наредната година, вторите два крајот на наредната година дотогаш се подготовките на проектите и процедурите за избор на изведувач.

Од другите позначајни пороекти, Владата објави нов оглас за вработување на лица без родителска грижа и деца без родители, а од голема важност е и спроведувањето проектот за отпис на долгови как и, проектот Купи куќа купи стан под олеснети услови.

Во рамки на таканаречената секундарна гасификација, тендерот за скопскиот регион веќе е завршен и со него ќе се опфатат 17 општини, по принципот на јавно-приватното партнерство. Тоа се: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево. Во трка за овој тендер се турската „Аксо енерџи“ и италијанска ЦПЛ „Конкордија“, кои единствени ги исполнија критериумите, а овој месец треба да се знае која од нив ќе ги изгради 250 километри од примарната и од секундарната дистрибутивна мрежа на природен гас, ќе инвестира во приклучоци, ќе врши дистрибуција, ќе управува со системот за дистрибуција и друго. Гасификацијата на Скопје ќе чини околу 100 милиони евра, а времетраењето на договорот за јавно-приватно партнерство е на 20 години, по што мрежата ќе стане сопственост на државата. Компанијата што ќе го добие тендерот ќе им овозможат на корисниците да плаќаат приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен простор. 

Секундарната гасификација е во напредна фаза на подготовки, две компании влегоа во вториот круг и сега низ конкурентен дијалог се работи на финализирање на процесот. Наскоро следува и секундарната гасификација на источна и на западна Македонија.

Индустриското производство расте 14 месеци без прекин

Индустриското производство континуирано расте 14 месеци, без прекин,  и во првите десет месеци од годината забележа раст од 5,1%, како резултат на растот на преработувачката индустрија од 10,4%.

Девизните резерви на крајот на октомври 2014 година изнесуваа 2.429 милиони евра, што претставува раст од околу 22% споредено со состојбата на крајот од 2013 година.

Еден од позначакните проекти е и паралелниот увоз на лекови, со кој се направи заштеда од 5,8 милиони евра. Со ставање ред и транспарентност во набавката на инсулинот уште 3,6 милион евра, а тендерот кој е во тек третиот тендер за набавка на лекови каде што повторно имаме паралелен увоз, се очекува 3-4 милиони евра заштеда, вкупно околу 14 милиони евра заштеда, без притоа да се нанесе било каква штета за пациентите, да се намали квалитетот на некој лек, напротив истите лекови со истиот квалитет, со заштеда од 14 милиони евра.

Оваа заштеда планирано е да се инвестира во реконструикција ан Битолската болница, темелана реконструкција на Прилепската болница, во нов ургентен центар во Куманово, во нова опрема во клиниката Свети Наум Охридски во Скопје и во други болнички и клинички капацитети.

Заев купува време, со “бомбата“ само го залажува членството

Скоро два месеци  Заев зборува, но никако наводните докази да ги пред сопартијците, но и граѓаните. Ова не е ништо друго туку само тактика за купување време. Вака експертите ги коментираат случувањата во опозициските редови, анализираше вчера Алфа.

-Најлошото црно сценарио во кое 30-ина терористи го држат под заложништво преполн стадионот „Филип II “притоа да се закануваат со бомби закачени на нив дека во воздух ќе го разнесат целиот стадион. Два месеци да не направат ништо, после се ќе ни стане јасно дека тоа е само купување на време и потреба од медиумска застапеност. Тврдам дека Заев со т.н бомби само купува време кај своето членство кое е депримирано и разочарано од изборниот пораз од 200 илјади гласа разлика, а дополнително и од анкетите.  Кои покажуваат дека со ова стратегија СДСМ смао оди надолу и надолу, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.

Пандов е уверен дека Заев всушност не поседува „бомба“, туку само ја замајува јавноста.

-Ако по утрото се познава денот и ако бомбата на Заев беше она со пасошите, тогаш сме свесни дека и понатаму ќе гледаме домашни видеа, во крајно евтина продукција, истакна Пандов.

Од владејачката партија досега неколкупати ги повикаа нивните политички опоненти да објават ако нешто воопшто поседуваат. На тоа опозициската партија им одговори дека ќе ги обелоденеле доказите,  кога ќе почувствувале дека е вистинско време.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа