Доаѓа крајот: Жерновски ќе биде лидер уште само 40 дена

Горан Милевски е единствениот кандидат за претседател на Либерално демократската партија, а Дуфе Кукоски е кандидат за генерал секретар на партијата. Вака денеска одлучија членовите на Централниот одбор на ЛДП.

Организацискиот одбор предводен од Зоран Сапуриќ е задожен од Централниот одбор да ги изврши сите потребни подготовки за организирање на Собранието на ЛДП, кое највероватно ќе се одржи на 1 февруари.

Жерновски пред неколку месеци во одговор на новинарско прашање рече дека постои голема можност да не се кандидира за нов мандат бидејќи водењето на општина Центар му одземало многу енергија. 

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 21:557

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега