Отворен музеј со восочни фигури во штипско Ново Село
Вчера министерката за култура Канечвска Милевска, свечено го отвори Музејот на восочни фигури во штипско Ново Село. Во него се поставени фигури на историски ликови, сцени, фотографии, автентични документи поврзани со најзначајните револуционери од тој регион.
Сместени се 11 восочни фигури на истакнати историски дејци од илинденскиот и постилинденскиот период. Сите потекнуваат од штипско Ново Село.
Во него се изложени восочните фигури на Јосиф Ковачев, Мише Развигоров, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов, Панчо Михајлов, и на Гоце Делчев и Даме Груев кои не биле штипјани, но учителствувале во Ново село.
____________________________________________________________________________