Вистинско имачување: За да влезете и излезете од Сити Мол ви треба повеќе од 1 час

Вистински хаос владее за време на викендите во Скопје Сити Мол. Редици автомобили пред трговскиот центар и многу нервозни граѓани на паркингот.
Новогодишните празници и зголемената фрекфенција на граѓани уште еднаш покажаа дека Скопје нема капацитет за голем трговски центар.

Пред влезот на паркингот на Сити Мол има редици во кои се чека и по 15 минути за да се доближите до рампата. Дополнителен проблем прават непрописно паркираните автомобили кои го отежнуваат сообраќајот, но и таксистите, кои иако имаат дозвола да стојат пред трговскиот, тие ја злоупотребуваат, па се редат во две колони зафаќајќи уште една коловозна лента, што дополнително прави проблеми.

Оние кои не сакаат да влезат на паркингот на Скопје Сити Мол, за да ја избегнат гужвата возат во спротивна насока со што ја доведуваат во опасност безбеднсота на сите учесници на сообраќајот.

Но доколку сте трпеливи и немате проблем да почекате околу 15 минути за да влезете на паркингот, следниот проблем ќе го имате кога ќе дојде време да го платите паркинг билтеот. Системот со наплата преку автоматски машини, паркомати, очигледно не функционира. Пред сите машини, кои по се изгледа не ги има во доволен број има редици од по 30 луѓе, па за да си го платите билетот, чекање од половина час е најдоброто што може да го очекувате.

Дополнителен проблем е што тие паркомати често се блокираат, па кога ќе ги повикате службите, треба да чекате дополнителни 15 минути за тие да пристигнат и да го отстранат проблемот.

Читател на Press24 вели дека вчера чекал 45 минути пред паркоматот на излезот „Ц“ и дека во тоа време, два пати се случил проблем поради кој морале да интервенираат вработените.

Што се однесува до самиот трговски центар и содржината во него, никој нема замерки. Сити Мол дефинитивно нуди најмногу содржини и забава за целото семејство, но приодот до трговскиот центар како наплатата на паркинг билетот мора да претрпи некои промени, бидјеќи во екот на празниците кога сите брзаат да купат некој порадок, посетата наместо уживање, станува вистинско измачување.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега