Во полициската акција „Гора“ 19 кривични пријави и 29 пријавени лица

Во периодoт од 01.10 заклучно со 15. декември. СВР Скопје постапувајќи согласно претходно изготвени планови за преземање мерки и активности во рамки на акцијата „Гора“, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе вкупно 19 кривични пријави, со вкупно 29 пријавени лица, меѓу кои две малолетни лица, за сторени вкупно 22 кривични дела.

Десет од кривичните дела  се „кражби“, потоа за „помагање“ за „фалсификување или уништување деловни книги“, за „злоупотреба на лични податоци“, како и за „кражба во обид“.

Во рамки на овие активности заапленети се над 125 метри кубни разни видови огревно дрво, претежно даб, бука габер, одземени се пет товарни моторни возила и исто толку патнички моторни возила, како и еден трактор со приколкаа, шест моторни пили, самари. Вкупната проценета штета изнесува речиси 850.000 денари.

Во текот на октомври годинава, сопшти денеска МВР, Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе вкупно пет кривични пријави против 10 лица на возраст од 16 до 47 години, за сторени вкупно осум кривични дела од кои четири „кражби“, две „помагање“ и по едно „фалсификување или уништување деловни книги“ и „злоупотреба на лични податоци“. Притоа запленети се над 35 метри кубни дабово и буково огровно дрво, одземени се и четири товарни моторни возила, едно патничко моторно возило, еден трактор со приколка и две моторни пили. проценетата материјална штета изнесува околу 246.000 денари.

Во  текот на ноември беа поднесени вкупно 11 кривични пријави, од кои 10 од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал и една од страна на Полициската станица во Драчево, против 13 лица на возраст од 19 до 48 години, за сторени вкупно 11 кривични дела, од кои четири „кражби“, три „пустошење на шуми“, три „шумски кражби“ и едно кривично дело „кражба во обид“. Притоа, запленети се речиси 30 метри кубни огревно дрво и тоа бука и даб, одземени се три моторни пили две ТМВ и четири ПМВ, а проценетата материјална штета изнесува над 200.000 денари.

И, во текот на првата половина од месецов пак, заклучно со 15 -ти овој месец од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал поднесени се три кривични пријави против шест лица на возраст од 16 до 49 години за сторени вкупно три кривични дела од кои две „кражби“ и едно кривично дело „пустошење на шума“. Притоа, запленети се над 60 метри кубни разновидно огревно дрво, одземени се две товарни моторни возила, моторна пила шест самари, а проценетата материјална штета е приближно 400.000 денари.

Според МВР, карактеристичен е случајот во атарот на село Градовци-општина Зелениково каде што на површина од пет илјади метри квадратни во повеќе наврати од страна на три лица биле исечени 425 стебла и тоа 165 дабови и 260 стебла од габер односно 45 м3 огревно дрво со што причиниле штета од 297.300 денари.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега