Тетово: Полицаец запрел Германец на автопат и го ограбил

Полицаец запрел германски државјанин на автопатот Тетово - Скопје и го ограбил, инфомира МВР. Според полицијата, 37 годишниот полициски службеник од Тетово Т.Џ. завчера околу 20:30 часот со непознат втомобил му сигнализирал на германскиот државнанин да го запре Мерцедеос во кој се превезувал со својата ќерка. Му побарал да ги прегледа торбите, а откако во две од нив забележал вредни предмети му ги зел, влегол во својот автомобил и побегнал.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Џ,.(37) ОД Тетово поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „разбојништво“.Пријавениот кој е полициски службеник во СВР Тетово на 19.12.2014 година околу 20,30 часот движејќи се со непознато возило по автопатот Скопје-Тетово сигнализирал на возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки да запре при што осомничениот со полициската униформа на себе по кус разговор со возачот и по проверка на торбите кои биле кај сувозачот на возилото од задниот дел на возилото каде што се наоѓала ќерката на возачот одзел две торби во кои имало три часовници, два мобилни телефони, разновиден златен накит и облека, чија вкупна вредност се проценува на околу 700 евра и се одалечил од местото на настанот. Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на осомничениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.“ - информира полицијата

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега