Тешка сообраќајка во Битола: Момче се бори за живот - девојка тешко повредена префрлена на скопските Клиники

По сабајлешната сообраќајна несреќа и тешко повредената девојка од Битола, Т. С. на возраст од 21 година, ќе биде транспортирана за Скопје на потанатомошно лекување.

policiska-lenta1

Девојката се здобила со тешки телесни повреди и е во тешка здраствена состојба.

Возачот на автомобилот марка „буба” со прилепски регистерски таблици, деветнаесетгодишниот Х.С се уште се наоѓа во животна опасност. Тој рано изутрината со серизони повреди на главата, градниот кош и абдомнетот беше транспортиран на Клиниките во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила рано изутринатава на улицата Партизанска во Битола кога од засега непознати причини возачот на автомобилот марка „буба” со прилепски регистерски таблички Х.С.(19) изгубил контрола врз возилото и удрил во дрво. Од силниот удар со сериозни повреди се здобила и неговата сопатничка Т. С. од Битола на возраст од 21 година. Во СВР Битола засега се` уште не можат да изнесуваат детали за тоа како дошло до несреќата.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега