Тешко повредено лице во сообраќајка кај зградата „Тифани“

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу 5 часот на крстосницата на булеварите „Партизански одреди“ со „ВМРО“ , кај зградата позната како Тифани во Скопје.

Сообраќајката се случила кога возило „Волксфаген“ со гостиварски регистарски таблици управувано од М.А. 1988 година влетало во излог од продавница од засега непознати причини. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и ги утврдува причините за несреќата.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега