Крш низ улиците на Скопје - 34 сообраќајки за три дена

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 34 сообраќајни незгоди.

Во петокот, на 19 декември, извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници и двајца пешаци.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во сабота, на 20 декември, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобил еден возач на мотор.

Во недела, 21 декември, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и седум се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 41 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 54 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи го управувале возилото со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 26 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 18 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на своите превентивни активности денеска ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Братство и единство“ во населено место Средно Коњари кое се наоѓа на територијата на општина Петровец, со учениците од второ и четврто одделение.

Со почеток во 12 часот „Солидарност“ ќе организира протестен марш на ул. „11 Октомври“ пред Собранието на Република Македонија од каде учесниците на маршот ќе се упатат пред Министерството за труд и социјална политика, а оттука кон зградата на Владата на Република Македонија. Протестот се очекува да заврши околу 14 часот и 30 минути. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега