Диви животни го искасапиле телото на кичевчанката

Според патолозите од Институтот за судска медицина, диви животни го раскасапиле телото на 56 годишната Веселинка Спасеноска од Кичево, чие тело пред два дена беше пронајдено во водите на Треска  кај местото викано Лаг, пренесува Плусинфо. Жената беше пронајдена без десната рака, делови од абдоменот и градниот кош.

Според информациите на Плусинфо, гладни диви животни ја раскасапиле кичевчанката. Трагите укажуваат дека наверојатно станува збор за лисица или волк. Според патолозите, пренесува порталот, на телото на Спасеноска нема знаци дека смртта настапила од човечка рака. Сеуште се чекаат токсиколошките резултати кои треба со сигурност да покажат од што почината жената. 

Спасеноска била пријавена за исчезната на 30. април годинава.  

најчитано сега