„Жерновски е срам за ЛДП“

Јалови обиди на Жерновски да се фати за последната сламка во поплавата која ја носи неговата политичка кариера во историјата.

Високи функционери во ЛДП за Сител коментираат дека вчерашната изјава на лидерот на ЛДП во заминување дека сам одлучил да не се вклучи во трката за нов претседателски мандат е само обид да се скрие незадоволството во партијата.

Нашиот извор вели дека членството на ЛДП е разочарано и дека нема никакви шанси повторно да му ја даде довербата на Жерновски.

Причина за тоа, според истиот извор е фактот  дека лидерот го гледал само личниот интерес и дека од неговото претседателствување профитирале за неколку бизнис ориентирани членови на паријата. 

Членството го обвинува Жерновски дека се однесува снобовски и арогнатно и дека претставува вистински срам за партијата.

Партиски извори за Сител велат дека неспособноста на лидерот се гледала во тоа што дозволил ЛДП да стане најмалиот привезок на ланецот на СДСМ, а работењето во Центар покажало дека за речи си две години, освен една улица од која профит извлече партијата на Тито Петковски, во општината не е направено ништо.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега