Еднократна парична помош за семејствата со принова во Кисела Вода

Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, додели ваучери со еднократна парична помош за семејствата со принова од општината.

Со последното доделување ваучери, соопштија денеска од општина Кисела Вода, бројот се искачи на 811, од кои, во оваа календарска година се доделени 522 ваучери.

- Желбата да обезбедиме најдобри можни услови за растот и развојот на секој поединец кој живее на оваа територија, ја докажуваме секојдневно, преку сите наши заложби, сите дела, сите реализирани проекти. А бидејќи секој пат, па и оние најдолгите, каков што е нашиот, започнува со првиот чекор, за првите потреби на вашето новородено дете, општина Кисела Вода денеска ќе ви додели ваучер во вредност од 6000 денари, истакнал претседателот Донев, соопшти денеска општина Кисела Вода.

Тој уште еднаш потсети на критериумите и ги повика сите родители кои ги исполнуваат да ја поднесат потребната документација до административните служби, како би можеле и тие да го остварат своето право на парична помош од општина Кисела Вода.

Овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, беше донесен на иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат. 

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега