Македонски шлепер се преврте кај Врање - еве ги деталите

Камион-шлепер со македонски регистерски таблички утрово се преврти кај селото Мазараќ на магистралниот пат Врање-Владичин Хан. 

Како што соопшти Полициската управа во Врање, во несреќата нема повредени, а предизвикана е само помала материјална штета. Причините за несреќата засега не се познати.

Веднаш по инцидентот помош на возачот му пружиле работници на грчката градежна компанија „Терма“, чиј камп со градежни машини се наоѓа во непосредна близина,

Поради несреќата, сообраќајот на овој магистрален пат бил во прекин само 15-тина минути.

Електронското издание на „Блиц“ јави дека местото на кое се случила несреќата е многу ризично, бидејќи има остра кривина под еден назводник, која  настана со поместувањето на стариот магистрален пат и изградбата на патниот Коридор 10. 

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега