Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?

Потрошувачите од булеварот „Партизански Одреди“ бр. 75 и 77 во општина Карпош утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15  часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, поранешна Сава Ковачевиќ во општина Кисела Вода, а од 10 до 15 часот корисниците од село Љубин.

Од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“, „Петричка“, „Охридска“ и „Маџир Маало“ во општина Центар, а од 8:30 до 14:30 часот и корисниците од улиците „Цветан Димов“, „Сараевска“, „Ордан Чопела“ и улица „210“ во општина Чаир.

Како што информмира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД. 

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега