ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле: Во петок пратениците на СДСМ ќе останат без мандати

Пратениците на СДСМ и коалиционите партнери во петок најверојатно ќе останат без своите мандати.

 Извори од Собранието за Сител брифираат дека владејчката колиција веќе го обезбедила двотретинското мнозинство кое ќе им биде потребно за стават крај на овој мандат за 31 пратеник на СДСМ откако  повеќе од 6 месеци не се појавија во законоданиот дом.

Изворите на телевизијата велат дека седницата која Вељаноски ја закажал за во петок и на која предлогот за одземање на мандатите е единствена точка е  само уште еден доказ за сериозната намера на владејчката коалиција да и стави крај на неколкумесечната криза предизвикана по бојкотот на опозицијата.

Од двете владејчки партии официјално ниту ја потврдуваат ниту демантираат оваа инфорамција.

Извори од СДСМ брифраат дека следните чекори на партијата се планирале вчера во една скопска пицерија. Според неофицијалните инфорамции, лидерот Заев на координацијата со  пратениците тврдел дека нема потреба од паника и дека мандатите им се сигурни, бидјеќи во петок, власта нема да им ги одземе мандатите. 

Доколку Собранието им ги одземе мандатите на опозиционерите, пратеничките столчиња ќе им бидат понудени на кандидатите кои следат на пратеничките листи на СДСМ и коалицијата.
Доколку ниту еден од нив не се реши да го прифати мандатот, ќе се распишат дополнителни избори за испразнетите места.

СДСМ на последните избори доби 34 мандати. Од нив, амо 3 решија да седнат во пратеничките клупи, додека останатите, уште од летото ја бојкотираат работата на Собранието.  

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега